Познатата актерка Весна Петрушевска со емотивна фејсбук објава откако осамна веста за смртта на таткото на Тоше Проески, Никола Проески.
- Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме, твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една огромна тага. Барем сум малку мирна дека се видовме за Бадник. Топол и мил човек.Многу ми е жал . Најискрено сочувство до семејството, порача Весна Бејби во својата објава.
Весна никогаш не ја криеше тагата од загубата на својот драг пријател, нашиот незаменлив Тоше.