Секоја наша мисла носи енергија, енергија што го обликува начинот на кој го гледаме светот и начинот на кој живееме.
Photo by omid armin on Unsplash
Современата психологија одамна потврдила дека мислите не се само реакции на реалноста, туку често нејзини креатори. Како што рекол познатиот психолог Вилијам Џејмс: „Она што го мислиме, тоа стануваме.“
Нашиот внатрешен дијалог, односно како си зборуваме самите на себе, директно влијае врз емоциите, одлуките и постапките. Според когнитивно-бихевиоралната терапија (CBT), негативните автоматски мисли можат да доведат до анксиозност, депресија и ниска самодоверба – дури и кога објективно не постои причина. Од друга страна, свесното преобликување на мислите може да донесе мир, мотивација и продуктивност.
Истражување објавено во Journal of Experimental Psychology покажува дека луѓето кои вежбаат позитивно размислување и благодарност имаат повисоко ниво на психолошка благосостојба. Дури и едноставен акт на запишување три позитивни нешта секој ден, може значајно да го подобри расположението и да го промени фокусот од „недостиг“ кон „изобилство“.
Кога размислуваме негативно, нашиот мозок почнува да го филтрира светот низ таа призма – како да носиме очила обоени во сиво. Ништо не изгледа доволно добро, луѓето ни изгледаат непријателски, а иднината – обесхрабрувачка. Но ако ги менуваме тие мисли свесно – ако ги преиспитуваме, предизвикуваме и заменуваме – тогаш почнуваме да гледаме можности наместо пречки.
Како што рекол Виктор Франкл, австриски невропсихијатар и преживеан од Аушвиц: „Сѐ може да му се одземе на човекот, освен едно – последната човекова слобода: да го избере својот став во секоја дадена ситуација.“Тоа значи дека, иако не можеме секогаш да ја контролираме реалноста, можеме да избереме како ќе размислуваме за неа – а преку тоа, и како ќе дејствуваме.
На крајот, нашите мисли се алатка. Или ќе ги користиме да изградиме живот што го сакаме, или ќе ни станат ѕид што не ограничува. Изборот започнува секое утро, со првата мисла. Затоа, чувај ги мислите – тие се семето на твојата реалност.