„Твитерџија“ за младите кои се веселеа на полноќ во Охрид: „Во секоја цивилизирана држава ова би било нарушување на јавниот ред и мир“ - доби серија критики

На социјалните мрежи, се појавија повеќе видеа од центарот на Охрид од пред неколку дена, каде група млади луѓе како се веселат, спонатно собрани околу млади улични артисти, кои со повеќе инструменти создадоа вистинска концертна атмосфера под отворено небо.

Видеата од вечерната атмосфера набрзина станаа вирални и многумина ги споделија и поздравија, но сепак, се појавија и такви, кои тврдат дека ова би требало да се санкционира поради нарупување на јавен ред и мир.

Имено, на социјалната мрежа „Х“, твитерџијата со псевдоним „Нопак Охридски“ вели дека во околните куќи живеат 7-8 фамилии, од кои некои биле со мали деца и стари болни лица и кои трпеле галама под прозорците после полноќ.

„Не е ова чаршија, туку кај куќите од Робевци и Уранија. Во куќите отспротива живеат 7-8 фамилии, некои со мали деца и стари болни лица. Прашајте ги нив како им е со несносна бука под прозор по полноќ. Во секоја цивилизирана држава ова би било нарушување на јавниот ред и мир“, гласи неговиот твит.

Друг твитерџија се надоврза со тврдењето: „Во Краков е вака секоја вечер ама на плоштад, а таму не живеат луѓе. Во населбите пиле не смее да прелета после 21/22. 15 милиони туристи годишно го посетуваат.“

Сепак, се надоврзаа и други твитерџии кои ги оценуваат овие ставови како неоправдани и неосновани.

„Сегде во секое туристичко место во светов ова е нормализирано само на варошаниве им сметет овие работи. Во секое туристичко место имат барој/кафичи шо работет до 4-5 сатот само кај нас е башка. Според нив најубо е да се затвориме ко некое гето во европава и то е. Неаме ум“, напиша профилот со псевдоним „deko“.

„Од кога ова помодарство да ви пречи позитивната млаедешка енергија? Ова е новото нормално? Ова е ненормално да се буниш за две недели шпиц сезона! Се споиле со убава млада енергија. Се веселат. Или ти пречеше што се пеела македонска песна во сред Охрид?“, прашува во својот твит, профилот со псевдоним „Гаргамел“.

„Е арно де..помина Илинден,ќе помини и Август.За месец два пак ќе си бидите град на духови. Саможивни едни ..Сѐ ви смета.. Штета шо најубавиот град во државата има најклети луѓе“, напиша Еленка(та).