
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Man from Skopje“ сподели интересно, а за многумина веројатно и котраверзно мислење, односно, тој вели дека не постои такво нешто како „Македонска кујна“.
Неговата теза е дека најголем дел од тоа што денес го сметаме за „традиционална македонска храна“ дошло кај нас преку Отоманската империја: сарма, ќебапи, пастрмајлија, баклава, тулумби, локум, симит, турско кафе, полнети пиперки, мусака, пити од сите видови...
„Дури и зборовите што ги користиме за многу јадења се со турско потекло“, додава скопјанецот во својот „твит“.
Тој вели дека прашањето не е дали има турско влијание, бидејќи има огромно, туку според него прашањето било дали после 500 години, нешто што секоја баба во Македонија го готви, може да се смета и за македонско?
По таа логика, како што истакна, половина Балкан јаде иста храна, само различно ја нарекува.
„Не постои такво нешто како “Македонска Кујна” Ако сме искрени до крај, најголем дел од тоа што денес го сметаме за „традиционална македонска храна“ дошло кај нас преку Отоманската империја: Сарма. Ќебапи. Пастрмајлија со ориентални влијанија. Баклава. Тулумби. Локум. Симит. Турско кафе. Полнети пиперки. Мусака. Пити од сите видови. Дури и зборовите што ги користиме за многу јадења се со турско потекло. Реално, Балканот со векови бил во иста држава и луѓето си разменувале рецепти исто како што денес разменуваат TikTok видеа. Прашањето не е дали има турско влијание. Има огромно. Прашањето е дали после 500 години нешто што секоја баба во Македонија го готви може да се смета и за македонско. По таа логика, половина Балкан јаде иста храна, само различно ја вика“, гласи твитот на „Man from Skopje“.
Не постои такво нешто како “Македонска Кујна”
Ако сме искрени до крај, најголем дел од тоа што денес го сметаме за „традиционална македонска храна“ дошло кај нас преку Отоманската империја:Сарма. Ќебапи. Пастрмајлија со ориентални влијанија. Баклава. Тулумби. Локум. Симит.…
— Man from Skopje (@man_from_skopje) June 8, 2026
На неговата објава се надоврзаа многумина, кои изразија несогласување, па и навредливи зборови.
„Значи пред Отоманската империја, Македонците не јаделе ништо. Дојдоа Турците да не научат да јадеме“, гласи една од реакциите.
„Дали некој се запрашал што значи зборот скара, кој наводно доаѓа од турскиот збор IZGARA што незнам какво значење има тој збор на турски но знам на македонски, изгара (го гори,го пече)... Знаеме исто така дека пред 2000 години тие простори ги владееле македонци..“, гласи друг „твит“.
„Тавче гравче, зелник, лутеница, тарана неможат да бидат влијание на селџуци, јуруци и разни азиски племиња“, се вели во уште една од реакциите.