
На социјалната мрежа „Х“, граѓанин сподели дека му биле украдени пари во теретана додека вежбал, но реакцијата од вработените го оставила во неверување.
Профилот со псевдоним „Рагнар Лотброк“ раскажува дека кога отишол, ранецот го оставил во шкафшето, а кога се вратил го затекнал обиено, посочувајќи дека од новчаникот му биле украдени 2.000 денари.
Кога пријавил кај вработените, според неговите зборови, тие само кревале раменици, бидејќи немале камери во соблекувалната.
„Дојдов Македонија. Отидов до теретана. Ранецот во шкафче. Се враќам по саат време. Шкафчето обиено, ми украдоа 2000 денари од новчаник. Пријавив, креваат раменици од теретаната. Нели, немаат камери во соблекувална. Шо стока народ сте еј! Нека ви се последни тие 2000 денари“, гласи неговиот твит.
Друг профил со псевдоним „Бапчо“ се надоврза на објавата, објаснувајќи дека лесно може да се провери на камерите од влезната врата кој излегол во периодот додека тој отишол на вежбање и дека ако сакаат, сигурно можат да го најдат.
@RLothbrokJr Немаат у соблекувална, ама имаат пред влезна. Лесно може да се види кој искача у периодот док ти вежбаш. сиг не се поише од 5 души. Ако сакаат може да го најдат, и не е за 2К МКД, утре ќе е телефон, лични документи итн. И ако не соработуваат, кажи го името, луѓе да не идат таму.
— Бапчо (@TheFitzzz) October 30, 2026