„Твитерџија“ реагира на „двојни аршини“: Истите центраци на кои поскапувањето на градинките не им беше страшно, сега 500 денари за паркинг им се многу

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ воведува измени во условите и начинот на користење на јавните паркиралишта и цените. На социјалните мрежи се појавија реакции од центарци кои се незадоволни од новите цени.

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), пак, профилот со псевдоним „Хомер“ пишува дека имало и такви граѓани кои биле со двојни аршини. Тој пишува дека истите центраци кои на Фејсбук коментирале дека не било страшно поскапувањето за градинка од пред некое време, сега да се жалат дека 500 дененари месечно за паркирање во Центар надвор од свој блок, било удар во семејниот буџет.

Во објавата, овој твитерџија им порачува дека да немале двојни аршини и „државава ќе беше асална“.

„Истите центраци кои ги имам на фб коментираа дека не е страшно поскапувањето за градинка што беше пред некое време, за сега да се жалат дека 500 ден месечно за паркирање во Центар надвор од свој блок е удар во семејниот буџет. Да немавте двојни аршини и државава ќе беше асална“, гласи твитот.

Инаку, неодамна на Фејсбук и на „Х“ се појавија повеќе објави кои го оправдаа и поддржаа поскапувањето на градинките во општина Центар.

„Како не ви е срам да се буните за поскапувањето на цената за чување на вашето дете 20+ дена месечно со 3 оброци и ужинка во државните градинки! 700 денари дополнителни (тотал 2200) ви се многу а 2 пива и 2 кафиња ви се толку? А бебиситер на саат колку ви бара?“, гласеше еден од „твитовите“.