Твитерџиите се сеќаваат на Тоше: Најубавото нешто што нашата Македонија го имала. 13 години летнаа, а како вчера да беше!

Вчера се навршија цели 13 години од смртта на Тоше Проески. Социјалните мрежи беа полни со емотивни сеќавања и спомени за најголемата македонска ѕвезда и еден од најпопуларните пеачи на балканот. 

Твитерџиите и овој пат со прекрасни твитови дадоа почит на Тоше и се потсетија на моментите кои тие ги паметат, а се поврзани со него.