Твитерџиите се чудат: Каде се наоѓа скопската населба Дексион?

38 години живеам во Скопје и уште не разбрав кај се наоѓа Дексион! За мене тоа е некаква митска, скопска Хипербореа... Чак мислам и дека ме лажат дека постои, напиша Ненад Марковиќ на твитер.

На овој твит се надоврзаа голем број коментари со истата констатација. Работата стигна до таму што падна иницијатива за формирање политичка партија чија кампања ќе стартува од оваа скопска населба.