Tвитерџиите на протест против градоначалникот кој ветувал, а не променил ништо

За денес во 17 часот е закажан протестот кои го организираат твитерџиите, а е наменет за стопирање на изградбата на новата зграда која треба да биде изградена во близина на Мајчин Дом во Аеродром.

Револтот на граѓаните е голем и насочен кон градоначалникот Златко Марин кој во текот на кампањата за локалните избори бараше од неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој бетонски џин на зелената површина во овој дел од населбата.

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска започнале со копање на парцелата кај Мајчин дом, каде според планот ќе се гради голем станбено деловен објект.

Од Општината вчера за Телма изјавија дека тие се обврзани да го процесираат активниот ДУП И10, бидејќи иако до Уставниот суд, се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И10 и повеќе претставки, нема никаква одлука.