Твитерџии: „Данела од кај ги наоѓаш стручниве кадри?“

Корисниците на социјалните мрежи реагираат за поставувањето на Миладин Мицковски на позицијата директор на ИТ сектор во ЈП Водовод и канализација Скопје. 

На социјалната мрежа Твитер остро го критикуваат неговиот избор, потсетувајќи како што велат, дека се работи за човекот кој стана познат во јавноста како пијан „боем“ кој нападна новинарска екипа. На социјалните мрежи тие го објавуваа видеото на кое тој е во алкохолизирана состојба и напаѓа новинарска екипа, како и документот-задолжение кое тој добил со новата позиција.