Твитер заедницата алармира за рушење на „Воинот на коњ“, граѓаните се мобилизираат

Целата македонска Твитер заедница алармира дека поради доаѓањето на Коѕијас, ноќва ќе биде направен обид да се сруши споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Истовремено граѓаните се мобилизираат во одбрана на споменикот.

На Твитер и Фејсбук се објавуваат фотографии од огромен кран со носивост од 80 тона кој е способен да го крене целиот споменик.

Според Твитер заедницата кранот е од моделот KATO NK 800 и е донесен од Бугарија специјално за оваа намена. Истите пишуваат дека и полицијата се подготвува за овој чин и за реакцијата на населението.

Вечерва, преку социјалните мрежи граѓаните се мобилизираат во одбрана на споменикот. 

„23:00ч Плоштад Македонија! Старо младо, машко и женско, на нозе се кренало! За мене, за тебе, за нас, ЗА МАКЕДОНИЈА!“ - се вели во повикот кој што активно се споделува на социјалните мрежи.