Работната недела тргна тензично во Скопје, особено за оние кои не може да стигнат навреме на работно место или на училиште, со оглед на блокадите низ Скопје.
Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.
На твитер од рано изутринава бурни реакции:
07:10 веќе цел град е блокиран! Успешното менаџирање на кметица Дан(и)ела! pic.twitter.com/iNbWb2UIsB
Зелен претприемач (zpretpriemac) December 5, 2022
Повторно сонувам кошмар на дистопијско општество во кое превозници блокираат сообраќај, џандари дилаат дрога, судии штитат криминалци, лекари не знаат хипокритова заклетва, а политичари се трговци со национално благо. Се будам вџашен дека кошмарот е лајт верзија на реалноста.
— The Templar (@Andon_USA) December 5, 2022
Ако го читаш ова продужи да спиеш и така ќе заглаиш у сообраќај, ќе касниш на работа и ќе се изнервираш. А нервозен не можеш да работиш. Земи си слободен ден, не треба фала за советов
— 100Marki (@100deutschemark) December 5, 2022
Кај се сега оние што се бунеа за маратонот и демек блокирани улици?
— Lonely (@L_Traveler__) December 5, 2022
Луѓе не се нервирајте, една година помина уште 3 и останаа на Данела и плус нови 4 дека сдсм пак ќе го кандидира Шилегов арогантниот и после тие 7 години ќе се врати Скопје во нормала. Не се многу, ќе издржиме!!!
— 100Marki (@100deutschemark) December 5, 2022
Ситуацијава низ градов каква е? Блокирано е све или има можност за движење?
Стварно ова што го живееме е тешка лудница, добро е што и волку функционираме!
Добро утро!— Sunshine (@Ubava_i_milna) December 5, 2022