На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.
На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО - ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.
- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.
Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.