Твитер-реакција: Воз во Битола поминал без никаква звучна сигнализација и кренати рампи - „другарка ми избегнала да биди прегазена за неполни 30 секунди“

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) споделено шокантно тврдење. Имено, во објава се вели дека во саботата, воз во Битола поминал без никаква звучна сигнализација и кренати рампи.

Профилот со псевдоним „Аритмија“ вели дека ова го знаела, бидејќи нејзина другарка за неполни 30 секунди избегнала да биде прегазена на пругата, поминувајќи со своето возило.

Во објавата, споделена е и фотографија од друг граѓанин кој успеал да ја фотографира ситуацијата.

„Вчера возо во Битола си поминал Стрелиште без никаква звучна сигнализација и кренати рампи. Ова го знам од проста причина што другарка ми избегнала да биди прегазена на пругата поминувајќи со колата за неполни 30 секунди. Еве и слика имало објавено“, гласи твитот.