Твитер реакција: Трча на Водно, живее здрав живот, се храни здраво, пие смути, ама селото не може да го извади од себе

Водно и отпадот се вечен проблем за Скопје. Особено по сончеви викенди во кои многумина го посетуваат Водно, но се чини забораваат да го соберат отпадот по себе!

И на социјалната мрежа „X“ со реакции: 

 

- Немаат совест најголемиот дел од луѓето. Фрлаат отпад кај ќе стигнат, да не збориме за отпушоци. Штета што се толку несовесни кога правилното нешто е толку едноставно - симни го ѓубрето до контејнери во Скопје. Они сакаат што побрзо со колите надолу да се спуштат, немаат време, гласи еден коментар.