Твитер корисник се пожали на возрасните скопјани во јавниот превоз! Тој на својот профил на „X“ сподели за однесувањето и начинот на комуницирање на пензионерите додека се возат со автобус низ Скопје.
Веруваме има исклучоци, но ви го пренесуваме ова искуство!
- Понекултурни, позлобни и поодвратни луѓе од пензионериве во автобус нема. Гужва, на една нога се стои, тоа запнало се дере, се бутка, па ако не им станеш колнат....Абе укини бесплатен превоз и ајт. Кај нема автобуси па и тие избркани од дома гужви праат!
Понекултурни, позлобни и поодвратни луѓе од пензионериве во автобус нема. Гужва, на една нога се стои, тоа запнало се дере, се бутка, па ако не им станеш колнат....Абе укини бесплатен превоз и ајт. Кај нема автобуси па и тие избркани од дома гужви праат!
— Macc (@Namoitemaliot) October 8, 2024
- Бесплатен јавен превоз за пензионери е чиста злоупотреба. Зошто да не плаќаат за услугата и трошокот. Или други плаќаат за нив? Една од најлошите одлуки која ја воведе Коце Трајановски, а Петре и Данела не ја укинуваат, коментира друг корисник на платформата.
Скопјанец даде предлог бесплатниот превоз за пензионери да биде секој ден од 9 до 15 часот.
- Само така ќе се зголеми употреба на јавен превоз од оние на кои им треба реално - школарци, студенти и вработени.