Твитер-реакции за пожарот: Градежната мафија трие раце

Ноќеска избувна пожар во автомобил паркиран кај бараките на ЈП Улици и патишта, а беа зафатени и објектите на претпријатието. 

Уништена е документација, но и неколку возила кои биле паркирани во близина. 

Според македонската твитер-заедница, ова е нешто што веќе сме го виделе: Спонтано гори барака, се уништува документација, а градежните фирми тријат раце, кој ќе добие дозвола да гради на толку атрактивна локација.

Дали сметате дека такво сценарио е во прашање?