Твитер реакции за Охридскиот пливачки маратон: Пишете му на Вучиќ!

Оддржувањето на годинешното издание на Охридскиот пливачки маратон е пред колапс.

Претседателот на државата како покровител, одбил годинава да биде главен организатор, а зад сето тоа постои и причина, односно причината е блокираната сметка на пливачката федерација на Македонија. 

Годинава требаше да биде 60. годишен јубилеј на ова блескаво спортско случување во Македонија.

Со апел излезе и градоначалникот од општина Охрид, Кирил Пецаков.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Излегувам со апел да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои се препознава Македонија“, порача Пецаков.

Поголем дел од јавноста е револтираа, а ова се реакциите на социјалните мрежи: