Твитер на тема пајак служба: Поарно пајак да ти ја дигне колата, одколку да ти ја претепа жената..

Веста која денес ја објави Министерството за внатрешни работи во која се наведува дека полицискиот службеник се самоповредил при удар во пајак возило предизвика бурни реакции на твитер мрежата:

Дајте тргнете ги пајаците од улиците види колку се небезбедни, напиша @i999y. на твитер. @trkaljofka објави слика од Ријана и напиша: и Ријана се има удрено у Пајак Служба.

Златна книга го искористи настанот за сопствена промоција. Тие на твитер напишаа: Сам се удираш? Во Златна Книга контакт од пајак-служба https://t.co/DzbSHTtJSz

@pavlovikj напиша: Ставам кладба у пиво дека у следниве денови ќе биде дигната кола на некој функционер коинцидентно во присуство на повеќе новинари за да се покаже дека казнувањето не е селективно и вие ќе ретвитате.

Ina@mnogufina побара да се стави крај врз насилството врз жените: Несакајќи сама се удрила од пајак возилото...изгледа затоа ги викнала колегите да го искараат возилото...#СтопЗаНасилствоВрзЖените

Миле Паника се пошегува на сметка на пајакот: Не се закачај со мене, ќе те погледнам строго, ќе те натерам сам да се удриш во специјално возило - пајак.

Македонско девојче@msoldieroflove напиша: Замисли го тоа понижување што како здрава, права, жена треба да се правиш глупава пред цела јавност и да кажуваш дека пајакот те удрил, откако веќе си доживеала понижување со тоа што си била нападната додека си ја вршела работата за која си платена.

Салазар_Слизерин@slizerinmkd доде: Поарно пајак да ти ја дигне колата, одколку да ти ја претепа жената.. СТАРА НАРОДНА