Фотографија направена во странство, на твитер се споделува како фотографија од Скопје

Фотографија која е направена во странство на твитер се споделува како фотографија од Скопје. Според проверките кои ги направи тимот на vistinomer во конкретниот случај станува збор за фотографија која е е првично објавена на 25.10.2019 година на полскиот сајт kwejk.pl , а во коментарите под сликата се вели дека е снимена во Полска.

Но, она што е интересно е дека оваа фотографија се појавува и на  руски сајтови. Според пребарувачот на фотографии Yandex, фотографијата е објавена уште во октомври 2018 година и потекнува од Ирпен, Украина.

Според тоа, со сигурност може да се каже дека зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не се во Скопје. На твитер мрежата се споделуваат различни фотографии за кои се тврди дека се од Скопје, но во конкретниот случај станува збор за неточна информација и оваа фотографија не е направена во нашиот град.