
Твитерџија реагира за музичките изведувачи на Камениот мост во центарот на Скопје. Речиси во секое време, „ечи жива“ музика во овој дел од главниот град. Изведувачи - младите ромчиња со инструменти.
За некои ова е вистинска атракција и му дава живост на градот, за други не е соодветно!
Твитерџија упати порака да се среди Скопје, а ваквите изведувачи со кои се забавуваат туристите кои го посетуваат Скопје, вели, се срам за Македонија!
Ова е неговата објава на „ X“:
- Туризам со простациве не се развива. Извинете, но полицијата треба да ги одстрани овие кои се срам за Македонија. Ова не е македонска култура или традиција. За ваков простотилук апсолутно не треба да има место среде Скопје. Ужасно што постана Скопје- “метрополата”
Туризам со простациве не се развива.
Извинете но полицијата треба да ги одстрани овие кои се срам за Македонија.Ова не е македонска култура или традиција.
За ваков простотилук апсолутно не треба да има место среде Скопје.
Ужасно што постана Скопје- “метрополата”#СредетеГоСкопје pic.twitter.com/JEJgBIC3bt— Казаков М (@KAZAKOV_mk) June 11, 2025