
Во пресрет на матурските прослави кои се актуелни кон средината на месец мај, на социјалната мрежа „Х“ се појави еден необичен „твит“ кој објаснува за самата прослава што значела порано и што значи тоа во денешните околности.
Профилот со псевдоним „Хенри Чинаски“ вели дека славењето матура и правењето на циркус од тоа е нешто што е останато од минатото, кога најголемиот дел после завршување на средното образование се осамостојувале, за што вели дека веќе одамна не е тека и нема потреба од, како што вели, тој циркус.
„Славењето матура и правење циркус од тоа е останато од минати времиња кога повеќето или 99% после средно веќе се осамостојувале, се вработувале, оделе во војска, стапувале во брак. Одамна веќе не е така и нема потреба од целиот тој циркус“, гласи твитот на „Хенри Чинаски“.
Ова мислење го дели и профилот со псевдоним „Кичеецот“, кој се надоврза на неговата објава и напиша: „Треба да има прослава ама само децата да си слават за крај на една дружба ама славењето дома со гости или сега модерно е во кафана со еден куп гости како да му прават свадба на детето е глупост невидена“.
Треба да има прослава ама само децата да си слават за крај на една дружба ама славењето дома со гости или сега модерно е во кафана со еден куп гости како да му прават свадба на детето е глупост невидена
— Кичеецот (@kiceec123) May 15, 2026