Твининг-проект за поддршка на ЈО, министерствата за правда и за внатрешни работи, Царината и Финансиската полиција

Подобување на ефикасноста на системот на кривична правда и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата со криминалот, е целта на твининг-проектот кој денеска ќе биде промовиран во Јавното обвинителство.

Како што соопштија од Министерството за правда, целта на проектот е  да се обезбеди поддршка за ЈО, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри.

На почетокот проектот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески и амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар.

На промоцијата ќе учествуваат и државниот секретар на министерот за правда на Долна Саксонија, Германија, Штефан вон дер Бек, помошник-министерот за правда на Хрватска Иван Црнчец, заменик-амбасадорот на Германија Ото Граф.