ТВ Нова ќе го пренесува реванш натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар

ТВ Нова ќе врши пренос од реванш натпреварот во плејофот на лига Европа, помеѓу екипите на Фенербахче и Вардар. Оваа телевизија ги пренесуваше натпреварите на Вардар на домашен терен против Малме, Копенхаген и Фенербахче, како и гостинскиот меч против шампионот на Данска, иако на тој дуел со пренос се вклучија во второто полувреме. Се надеваме дека сега ќе гледаме попрофесионален пренос од оваа телевизија.

 Вардар е пред голема можност да испише историја и да се пласира во групната фаза од ова квалитетно натпреварување. Мечот во Истанбул се игра во четврток, со почеток од 19:30 часот, со директен пренос на ТВ Нова.