Тужби против Македонија пред домашните и меѓународните судови за аерозагадувањето

Граѓански активисти, Меѓаши и новинари за човекови права ќе ја тужат државата пред домашните и меѓународни судови поради аерозагадувањето.

Организациите покренаа петиција за нула толеранција за аеро загадувањето и загрозување на животот и  побараа помош од адвокат кој доброволно и без надомест ќе ги застапува. Ја повикаа и меѓународната заедница којa силно се заложила за референдумот да помогнe и во борбата за живот и решавање на проблемот со загадувањето. 

- Бидејќи животот на децата е доведен во прашање, испративме протестно писмо до сите меѓународни институции и комитети .Дојдено е време некој да си понесе одговорност, вели Драги Змијанац од Меѓаши.

Според последните истражувања и анализи државата издвојува 300 милиони евра за лекување на граѓаните од последиците добиени од загадувањето а само 1.5 милион за новата владина стратегијата Чист Воздух. Активистите остро реагираат на средствата одвоени за 2019година за животна средина и намалување на загадувањето со само 0.6 проценти  од буџетот. 

-Доколку државата смета дека ова стратешки план треба да ги зголеми средствата. Бараме еднаш неделно да ги информираат граѓаните што е преземано .Инспекциските служби веќе не треба само да опоменуваат, туку веднаш да ги затвораат  објекти кои се идентификувани како најголеми загадувачи, рече Гордана Несторовска „ Радар“. 

Здружените организации ги повикаа министерствата да ги почитуваат сите протоколи, резолуции и конвенции кои ги имаат потпишано. Побараа бесплатен јавен превоз во наредните 3 месеци, да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат надзор, а за да имаат работа ги повикаа граѓаните да пријавуваат загадувач. 

- Не ги користат филтрите. До ЈСП да го зголеми бројот на автобуси, апелира Наташа Амдију