Тутунарите очекуваат продолжување на рокот за откуп

Тутунарите од Македонија во исчекување дали ќе бидат донесени потребните законски измени, за рокот за откуп да се продолжи до крајот на март, поради тоа што се појавува вишок на производ кој не е дел од досегашните договори. 

Во петтиот пакет економски мерки предвидени се и пет милиони евра за поддршка на тутунот за кои по завршувањето на откупот ќе се одлучува како да се поделат. Тутунарите бараат оваа ковид мерка да оди за секој тутунар по предаден килограм, а за доплата на разликата до ветените 180 денари да се најдат други средства.

Досега се откупени 24,5 милиони килограми тутун, како што изјави премиерот Заев, и дека за истиот се обезбедени 70 милиони евра. Според тутунарите, ова е една од потешките години, особено поради тоа што законскиот рок за откуп не го опфаќа вишокот на производ со кој сега се соочуваат.