Турунџиева и Хатиџе се безбедни во Истанбул, се огласија на фејсбук

Пејачката Сузана Турунџиева заедно со хероината од „Медена земја“ Хатиџе се уште се на екскурзија во Истанбул. 

Пејачката се огласи на својот фејсбук профил по несреќата на автобусот близу Софија во кој настрадаа македонски туристи. 

-Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ВИ БЛАГОДАРИМЕ за грижата. Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови, напиша Турунџиева.