Турски театар ја почнува сезоната денеска со „Крал Лир“ во режија на Диего Де Бреа

НУ Турски Театар сезоната ќе ја отвори со изведбата на  претставата КРАЛ ЛИР од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де БРЕА на  17. 09. 2018 г. со почеток во 20 часот.

 Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, претставата се изведува со титл на македонски јазик.

На овогодишниот  53. МТФ Војдан Чернодрински (11.06.2018) беше изведена претставата КРАЛ ЛИР, каде ги доби наградите:

– Награда за РЕЖИЈА на Диего ДЕ БРЕА

-Награда за МЛАДА АКТЕРКА на Ебру МУСЛИ за улогата на КОРДЕЛИЈА

– Специјална награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика.

Драматургија: Диего Де БРЕА, Сибел АБДИУ, Сценограф: Благој МИЦЕВСКИ, Костимограф: Благој МИЦЕВСКИ, Избор на музика: Диего Де БРЕА, Превод: Оздемир НУТКУ, Асистент на режија: Сибел АБДИУ, Дизајн на светло: Диего Де БРЕА.

 Улогите ги толкуваат: Џенап САМЕТ, Осман АЛИ, Несрин ТАИР, Ерман ШАБАН, Зубејде АЛИ, Ебру МУСЛИ

-Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ. Имено судирот со смртта не е оставен на човечкото самоволие. А Лировото заминување во подрачјата на смртната темнина е дотолку поболно и потрагично заради неговото расцепено срце и помрачениот ум. Порано Господ на Земјата, сега најдлабоко понижениот обичен смртник кој се обидува на збогувањето со животот да ја осознае вистината која ќе му ја донесе најтешката пропаст полна со лаги и невистини. Безмислосната болка на сознанието дека бил измамен и изигран го турка во лавиринтот на страдањето кој го удира со нечовечка сила и моќ. Порано сè, сега ништо. Сето тоа е казна на животот, за на крај, ако не и порано, да го преземеш на себе страдањето и низ него да се исчистиш. Лировото заминување е вистинското „danse cadabre“ во кое не е поштеден баш од ништо. Земјата стана гробница, нека го довика некој сонцето!, режисер Диего Де Бреа.