
Вчеравечер околу 23:00 часот, на локалниот пат Гевгелија – граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишиле од слобода Ф.С. (46) од Република Турција.
При извршена сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило „дачија“ со албански регистарски таблички, управувано од осомничениот, во кое биле затекнати пет лица мигранти – четворица државјани на Авганистан и едно лице од Турција.
Осомничениот е приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.