„Туркиш ерлајнс“ најави дека од 21 јуни ќе почне со летови од Скопје

„Туркиш ерлајнс“ на својата страна најави дека од 21 јуну ќе почне со летови од Скопје.

Додека Македонија брои починати и заразени од коронавирусот, владата е решена да ги отвори границите и да спроведува избори.

Бројот на заразени од Ковид 19 во земјава од 25 мај па до денес нагло се зголеми, надминуваќи ја бројката од 3ооо заболени, а власта не убедуваше дека таа бројка ќе биде драстично помала, односно помеѓу 2000 и 2500 заболени.

Но власта не се откажува и од спроведувањето на изборите кои според здравствените работници може да предизвика вистински хаос со ширењето на вирусот.

Бројот на заболени изминативе две недели никако да падне под бројка од 100 во еден ден, а тоа кај граѓаните предизвикува додатна паника и страв, а на изборите кои упорно се туркаат од страна на власта и ветува ниска излезеност.