Туристите да внимаваат: Казна и до 1.000 евра на грчките плажи

На Скијатос се наоѓа една од најубавите плажи во Грција, Лаларија која ја посетуваат неколку илјади туристи годишно.

На плажата има прекрасно обликувани камења, што сонцето целосно ги избелило, па затоа туристите често ги собираат од плажата.

А пак, локалните жители ги користат за украсување на дворовите, но и за кршење ореви.

Таквиот камен во овој регион може да се најде само на Скијатос, а поради туристите почна да се менува и пејзажот во изминатите десет години. Со цел да се заштити плажата, Здружението за култура со поддршка на пристаништето Скијатос ја започна кампањата „Земи слика, а не камен. Зачувајте ја Лаларија“.

Казната за земање камења од плажа е од 400 до 1.000 евра.