Туристичките агенции со богата понуда на аранжмани за Велигден

За претстојниот голем христијански празник Велигден ќе имаме продолжен викенд од четири дена. Неработен ден е петок, кога православните го одбележуваат Велики Петок, и понеделник, вториот ден – Велигден.

Дел од граѓаните веќе се одлучија празникот да го минат надвор од земјава, а туристичките агенции нудат голем број аранжмани за велигденски патувања во соседството, но и на подалечни дестинации.

Најевтино, за неколку дена, ќе поминете во соседна Србија. За таму аранжманите се движат од 90 до 110 евра за две ноќевања и појадок, а превозот е автобуски. Белград и Нови Сад и натаму се најбарани дестинации за прошетка, но често се бараат и аранжмани за популарните бањи во Србија.

Се поактуелна дестинација станува Сараево, за каде туристичките агенции нудат аранжамани по цена од 100 евра за три ноќевања со појадок и автобуски превоз. Тука некаде се движи и цената за две-три ноќевања во Будва, во Црна Гора.

За во соседна Грција понудите се речиси стандардни, од околу 30-тина евра за полупансион во хотел.

За оние со подлабок џеп агенциите нудат аранжмани на подалечни дестинации, како Будва, Рим, Париз, Тоскана, Мадрид, а се побарани дестинации с е Кападокија и Дубаи.

Долку не успеете да се организирате за Велигден, има бројни туристички понуди и за 1.мај, а подоцна и за 24. мај, кои се неработни денови.