Туристичките агенции нудат осмомартовски тури – Македонките за Денот на жената ќе уживаат во странство

Се наближува и Денот на жената, а дамите веќе ги прават и своите планови како и каде да го прослават овој ден.

Додека тие прават планови, од туристичките агенции нудат различни понуди и како и секоја година тријат раце од добивката.

Осми март е меѓународен ден на жената и  е светски празник. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

За оваа 2018-та, туристичките центри  нудат прекрасни дестинации за патување за 8ми март: Венеција, Тоскана, Банско, Белград, Сараево, Нови Сад, Лутраки и Солун.

Македонките и од постарата и од помладата генерација, дефинитивно, не се откажуваат од празнувањето на овој празник, бидејќи тие по некоја традиција не само што се редовни посетители на ресторанските забави, обожуваат и да заминат на шопинг надвор од државата. Изборот зависи од желбата на славеничката, односно дали повеќе сака да се шета по елитни бутици или да спортува, да планинари или да шета по музеи, дворци...