Настан со денес се случив во Скопје, на Камениот мост, ја отвори темата за тоа како туристичките водичи ја претставуваат нашата држава пред странските посетители. Една скопјанка, сведок на случувањето, сподели објава на социјалните мрежи, во која раскажува за своето разочарување од разговор што го слушнала меѓу туристички водич и група туристи.
Според нејзиниот опис, водичот на англиски јазик објаснувал дека „за споменикот на Александар се потрошени преку 500.000 евра“ и дека „овие скулптури немаат никаква улога, туку служеле за перење пари од страна на политичарите“. Скептична кон ваквата презентација, скопјанката му пријде и со насмевка му укажа дека туристите се тука да слушнат нешто убаво и информативно за историјата и културата, а не политички оценки. Водичот, сепак, одговорил дека „цел свет веќе знае за ’Скопје 2014‘“ и ја поканил да им се придружи на турнејата.
„Сѐ уште не ми се верува дека ова навистина се случи“, напиша скопјанката во својата објава. Таа го поставува прашањето дали со ваков пристап кон сопствената држава, може да се очекува развој на туризмот и позитивен впечаток кај посетителите.
Случката предизвика дискусија на социјалните мрежи – дали туристичките водичи имаат одговорност да бидат професионални и објективни, и дали е соодветно во јавни тури да се изнесуваат лични политички ставови.