Годинава Турција на Македонците им беше привлечна за летување и покрај тоа што цените беа покачени

За познатите летни туристички места во Турција интересот годинава беше значајно зголемен, велат од туристичките агенции. 

Летово цените во познатите туристички центри Анталија, Аланија, Бодрум беа за 30 отсто повисоки од минатата години, но тоа не им претставуваше проблем на голем број на Македонци.

Турција стана втора најбарана дестинација веднаш зад Грција.

Од туристичките агенции велат дека не се изненадени тоа што имаше голем број заинтересирани за летување во Турција. Најчесто патувале на почетокот или на крајот на сезоната. 

Од почетокот на годината Анталија со авион ја посетиле повеќе од 11 милиони странски туристи. Во истиот период лани бројот на туристи бил помал за 2,5 милиони.

Дирекцијата за туризам на Анталија соопшти дека во септември на двата аеродрома во овој турски регион допатувале близу 2 милиони туристи. Тоа е 25 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Станува збор за туристи кои во Анталија допатувале преку аеродромите во Анталија и Газипаси.