Турчин уапсен на скопскиот аеродром

Едно лице е уапсено на скопскиот аеродром за даночно затајување, друго се обидело да мине со туѓа лична карта. 

На 20.09.2022 во 11.30 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“- Скопје, полициски службеници го привеле К.И.(59) од Република Турција, со привремен престој во државата, затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција било констатирано  дека евидира со мерка „Апси” по барање на Секторот за меѓународна полициска сорботка-Одделение за потраги СВР Тетово за сторено кривично дело „даночно затајување“,  а по наредба од Основен суд Тетово. Лицето било предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за спровод до Затвор Тетово, соопшти полицијата. 

Во друг случај, денеска во 04.30 часот изутрина на Граничен премин „Meѓународен Аеродром“ Скопје, полициски службеници го привеле И.Х.(22) од Република Косово затоа што на пасошка контрола приложил романска лична карта на име од Х.Е.(20) во Република Србија. Лицето било предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.