Турчин прегазен од „бмв“ во Скопје

52-годишен скопјанец со „бмв“ прегази 48-годишен Турчин во Скопје. 

На 28.05.2023 вo 14.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од булеварите „Кузман Јосифоски Питу“ и „Крсте Мисирков“, патничко возило „бмв 740“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(52) од Скопје удрило во Г.К.(48) од Р.Турција, со привремен престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје