Турчин физички нападнал битолчанец пред казино во Скопје

27-годишник од Република Турција е приведен бидејќи нападнал 50-годишник од Битола, во казино во Скопје. 

Од МВР информираа за случајот:

-На 02.10.2022 во 23.00 часот пред казино на Железничката станица во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Џ.К.(27) од Република Турција, затоа што околу 22.40 часот во казиното физички го нападнал Е.З.(50) од Битола, со живеалиште во Скопје - се вели во соопштението на МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.