Турчин брутално претепан во Скопје

Триесетина минути по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“, од страна на четири непознати лица било нападнато лицето О.Ј.Д. од Турција.

Според пријавата, откако го пресретнале, едниот од напаѓачите му рекол да му го даде телефонот, тој одговорил дека нема телефон, по што лицето почнало да го удира, а потоа и другите лица се приклучиле во физичкиот напад.

Откако О.Ј.Д. почнал да вика полиција, напаѓачите избегале од местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.