„Туарегот“ со кој избегаа напаѓачите од Александар палас пронајден запален кај Арачиново

Во близина на скопското село Арачиново, полицијата пронајде запалено возило фолксваген Туарег за кое се сомнева дека било искористено за време на саботната оружена престрелка во хотелот „Александар палас“. Во запалениот Туарег биле пронајдени и остатоци од автоматско оружје „калашников“.

Министерството за внатрешни работи информира дека бил извршен претрес во куќа на лице од Скопје.

Споед официјалната информација од дневниот билтен на МВР, инцидентот се случил во саботата, половина час по полноќ, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Неофицијално, возилото „туарег“ било украдено во Скопје во март, а табличките на возилото биле украдени од друг автомобил.