Труење на свадба во Струга

Во саботата вечер десетина гости на свадба во ресторан во Струга завршиле во болница поради труење од храна.

Пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање, а по лекарскиот преглед биле пуштени на домашно лекување.

Надлежните органи од Центарот за јавно здравје најавија дека ќе го испитаат овој случај.