Трубарево денеска без вода

Без вода денеска од 10:45 часот се жителите од скопското село Трубарево.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „5“ бр.42 во Трубарево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.