Тротоарите во Кисела Вода „окупирани“ од градилишта, дупки и паркирани возила

Слободното пешачење низ Кисела Вода е тешко изводливо, бидејќи тротоарите се или оштетени, или пак се окупирани од градежен материјал. 

Граѓаните и онака имаат потешкотии со пешачењето, со оглед на тоа што тротоарите во многу делови се тесни и разминувањето е неизводливо. 

Она што најмногу ги загрижува е што ситуацијата со месеци, а во одредени делови  и со години е непроменета.