Трошоците за живот пораснале за 14,2 отсто - граѓаните се жалат дека со платата не можат да ги задоволат сите потреби

Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2%, а цените на мало од 12.6%, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20.9%, Транспорт за 19.5%, Ресторани и хотели за 15.5%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 13.3%, Разновидни стоки и услуги за 8.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8.6%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.5%, Рекреација и култура за 4.9%, Здравје за 4.0%, Облека и обувки за 1.8%, Комуникации за 0.4% и Образование за 0.3%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 20.1%, Земјоделски производи за 16.0%, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14.2%, Пијалаци и Услуги за 8.3%. Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18.7%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15.1%