Трошоците за живот од март до април пораснале за 1.3%, на годишно ниво за 5.7%

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 проценти, а цените на мало имаат раст од 5 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 проценти.

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во: транспортот за 10,1 процент, рекреација, спорт и култура за 1,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, облека и обувки, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и информации и комуникации за 0,6 проценти, ресторани и услуги за сместување за 0,4 проценти, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, здравствена заштита и услуги за образование за 0,3 проценти.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,2 проценти.