Тројца тинејџери од Скопје уапсени во Тетово - полицијата во автомобилот им пронишла предмети од тешки кражби

Тројца тинејџери од Скопје ноќеска биле лишени од слобода кај излезот на Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, ноќеска во 1:30 часот, на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 19-годишните А.А. и А.М., како и 16-годишната малолетничка, сите од Скопје.

При контролата на патничко возило „ауди А6“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале тројцата, полицајците пронашле предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од пријавени кривични дела.

Тројцата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР наведуваат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.