Тројца скопјани заработиле по 2000 евра за непочитување на полициски час

Парична казна за скопјани кои не почитувале полициски час. Имено, Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР на 24 и 25 март на разни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест Ковид-19.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.