Тројца скопјани во болница - излетал од патот и со Југото се забил во столб

Околу 14,30 часот вчера во Скопје, на крстосницата од улица „Волковска“, улица „1“ и улица „2“ во село Ново Село,  31-годишниот В.Д. од село Чардаклија, штипско, управувајќи  патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб.

Од незгодата возачот се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека сопатниците Р.К. и С.К. двајцата од Скопје на возраст од 19. и 18. години, се здобиле со телесни повреди кои им се констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“-Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.