Во текот на вчерашниот ден повторно пријави до полицијата за каснувања од бездомни кучиња низ Скопје.
На 08.01.2025 во 10.50 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(52) од Скопје пријавила дека на бул.„ Партизански Одреди“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.01.2025 во 15.20 часот во Полициската станица Центар, А.А.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 08.01.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.