Тројца скопјани вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден регистрирани три каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 28.04.2023 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода А.Д.(39) од Скопје пријавила дека на ул.“Светлана Христова Јоциќ“ била касната од куче скитник.

На 28.04.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром А.Г.(51) од Скопје пријавила дека на бул.“Видое Смилески-Бато“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 28.04.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Чаир К.М.(65) од Скопје пријавила дека кај градските гробишта Бутел била касната од куче скитник.